Херојот на американската војна за независност сепак бил жена

Со анализа на ДНК докажано е дека херојот на американската војна за независност Казимир Пулавски, по раѓањето бил жена или интересексуална личност, се наведува во документарниот филм кој ќе биде емитуван во понеделник.

Генералот, роден во март 1745 година во полската престолнина Варшава како Казимир Михал Владислав Виктор Пулавски, се борел за ослободувањето и на полскиот а подоцна и на американскиот народ, и за кого се смета дека му го спасил животот на Џорџ Вашингтон во текот на војна против Обединетото Кралство од 1775 до 1783 година.

Во Америка дошол како доброволец да се бори, и бил познат по извонредната храброст во битките, како и по тоа што биле многу приватна и „тешка“ личност, а не бил заинтересиран ниту за жени, ниту за пијанки. Во текот на битката за Савана бил тешко ранет и починал по два дена во сојузната држава Џорџија. Американскиот претседател Доналд Трамп на минатата 2018 година го прогласи 11-ти октомври за Ден на сеќавањето на генералот Пулавски.

Истражувачите првпат го откриле вистинскиот пол на Пулавски пред 20 години, кога споменикот на генералот во Савана бил размонтиран и неговите коски биле ексхумирани. Чарлс Мербс, тогашен форензичар на Универзитетот Аризона, ги проучивал коските заедно со антропологот Карен Барнс.

„Др Барнс пред влегувањето ми рече ‘оди и немој да излегуваш надвор врескајќи. Таа рече да ги проучам многу внимателно и детално, и потоа да ги соединиме и да разговараме за тоа. Влегов внатре и веднаш сфатив за што зборуваше. Костурот, сосема јасно, беше женски“, извести Мербс во текстот кој универзитетот го објави оваа седмица.

Меѓутоа, други компоненти од скелетот, вклучително и стасот, возраста и општата градба на телото се согласувале со она што истражувачите дотогаш воло познато за Пулавски. Единствениот портрет насликан во текот на неговиот живот го прикажува со црна дамка под левото око. „На черепот токму таму се наоѓа оштетување на коската“, вели Мербс.

Постоеле, исто така, и јасни знаци дека скелетот бил јавач, што може да влијае врз долните коски, како и дека е веројатно ги држел рацете како што тоа го прават припадниците на коњицата во битките. Инаку Полавски е познат во историјата и како „таткото на американската кавалерија“.

Но, пред 20 години и покрај тоа што ги нашле коските од неговата правнука, истражувачите немале технологија со којашто со помош анализа на ДНК ќе се утврди дали коските во споменикот навистина му припаѓаат на Пулавски. Минатата година тројца научници од Универзитетот Аризона повторно започна со истражувањето на неговиот случај, и успеале да утврдат дека ДНК од коските на генералот и на неговата правнука се совпаѓаат.

„Сега знаеме дека коските во сппоменикот се навистина коските на генералот Пулавски, но сепак имаме проблем со фактот дека коските се женски. Гледајит, доколку поодблиску го проучуваме неговиот живот, и сето она што го знаеме за него, постојат интересни мали траги“, изјави Мербс. Научникот верува дека семекствот на Пуласвски, како аристократско и воено полско семејство не било сосема сигурно од кој било детето при раѓањето, и одлучиле дека е момченце и потоа така и го воспитувале.

Вакви работи во историјата не се непознати, имени германската спортистка Дора Ратјен, којашто се натпреварувала на Олимписките игри во 1936 година во Белрин, при раѓањето прво била идентификувана како девојченце, а нејините родители и покрај сомневањата се одлучиле да се согласат со тоа, пишуваше германскиот магазин Der Spiegel во 2009 година.

Мербс истакнува дека многу полски аристократи имале јавни крштевки, н ово случајот на Пулавски рекле дека „боледува од негој вид ‘дефект’ поради што крштевката ќе се одржи приватно и во семејниот дом“. Грешката би ја објаснила многу приватната личност, резервираноста и амбицијата, смета научникот.

„Не верувам дека некогаш во својот живто помислил дека е жена. Мислам дека само сметал оти е маж и дека нешто не е во ред. Имал некаков дефект, а тогаш за тоа не се знаело многи“, смета Мербс.