Херта со пресврт до победа на Мајнц

херта

Гостите поведоа со голот на Арон Сејдел во 25.минута, а Ведад Ибишевиќ изедначи во 36.минута. Победата на Херта ја донесе Ибишевиќ со вториот гол постигнат во 67.минута.

Двете екипи натпреварот го завршија со по десет играчи поради исклучувањата на Ибишевиќ и на Жан – Филип Гамбин.

Со новите три бодови Херта се проби на третото место на табелата.

На вториот натпревар одигран вчера Шалке со 3:1 го совлада Дармштат.

На другите дуели од ова коло беа постигнати следниве резултати:

Баерн – Баер Леверкузен 2:1,
Келн – Аугсбург 0:0,
Ајнтрахт – Борусија Дортмунд 2:1,
Хамбургер – Вердер 2:2,
Инглоштат – Волфсбург 1:1,
Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм 1:1 и
Фрајбург – Лајпциг 1:4.

Табела: Лајпциг 30 бодови, Баерн 27, Херта 24, Ајнтрахт 24, Келн 22, Хофенхејм 22, Борусија Дортмунд 21