Шпанскиот прволигаш Севиља во четвртокот објави дека нејзиниот капитен, 38-годишниот Хесус Навас, играчот со најмногу настапи во клупската историја, ќе го напушти клубот од Андалузија на крајот од сезоната.
Бекот на шпанскиот репрезентација, со коајшто стана светски шампион во 2010 година и европски првак во 2012 година, „ќе ја напушти Севиља на крајот од сезоната 2023/24“, а тоа им го соопштил „на клубот, соиграчите и управата на утринскиот тренинг“, се вели во клупското соопштение.
Навас во Севиља мина вкупно 17 сезони, со што доби статус на „легенда“ на клубот.
Со 688 одиграни натпревари, вклучително и 500 во Ла Лига, Навас е играчот со најмногу настапи во историјата на клубот од Андалузија, а исто така и најуспешен, со четири трофеи во Лига Европа, два во шпанскиот Копа дел Реј, еден европски Суперкуп и еден шпански Суперкуп.
Хесус Навас прво помина десет години во Севиља (2003-2013) пред да се пресели во Манчестер Сити, каде ја освои Премиер лигата и два Лига купа за четири години, пред да се врати дома во 2017 година.