Хесус Навас пред 45.000 навивачи објави крај на кариерата

Шпанскиот фудбалер Хесус Навас објави крај на кариерата пред 45.000 гледачи на стадионот „Санчез Писхуан“ во Севиља.

По исклучително успешната кариера, 39-годишниот Хесус Навас реши да се повлече од спортот, а причина за тоа е хроничната повреда на колкот која го спречи да заигра на највисоко ниво.

„Ќе продолжев да не беше повредата на колкот, а живеев за вас, навивачите на Севиља“, низ солзи изјави Хесус Навас, кој во кариерата играше само за Севиља и Манчестер Сити.

Дресот на Севиља го носеше двапати, од 2003 до 2013 и од 2017 до 2024 година. Во меѓувреме беше член на Манчестер Сити. Одигра вкупно 705 натпревари за Севиља и на неговото збогување му беше даден дрес во рамка со тој број.

За шпанската репрезентација одигра 56 натпревари на кои постигна пет гола, кој играше по десната страна, а претходно во кариерата беше и крилен напаѓач, стана светски првак во 2010 година и европски првак во 2012 и 2024 година. Тој исто така беше член на тимот што ја освои Лигата на нациите на УЕФА во 2023 година.