Хет-трик на Марсиал за победа на Јунајтед, Ливерпул не простува

Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ со убедливи 3:0 го совлада Шефилд Јунајтед, а сите три погодока за домашните ги постигна францускиот напаѓач Антон Марсиал, додека средата заврши со нов успех на Ливерпул кој незапирливо граби кон титулата по цели 30 години.

Французинот првпат ја затресе мрежата на гостите во 7 минута на острото нафрлување на Маркус Рашфорд. Во 44 минута Мартиал повторно погоди на речиси идентичен начин, а овојпат асистент бепе Арон Ван-Бисака. За трилингот на Мартиал во 74 минута повторно асистент беше Рашфорд, а францускиот напаѓач го префрли истрчаниот гостински голман.

Дваесет и четиригодишниот Марсиал го постави личниот рекорд, откако по денешниот „хет-трик“ стаса до 19 погодоци во сите натпреварувања оваа сеозна, од кои 14 голови во англиското првенство, што е неговото најдобро остварување. Интересно е што првпат од 2013 година, фудбалер на Манчестер Јунајтед успеа да постигне „хет-трик“ во Премиер лигата. Во 80 минута од мечот, менаџерот на „Црвените ѓаволи“, Уле Гуинар Солскјер направи ткн „хокеарска“ замена искористувајќи го новото правил дозволено во продолжението на сезоната по над тримесечниот прекин поради пандемијата на коронавирусот и истовремено замени пет играчи.

Манчестер Јунајтед нема загубено на седум натпревари во првенството, а кога ќе се земат предвид сите натпреварувања серијата без пораз трае веќе 12 средби, во кои Јунајтед оствари осум победи и четири ремија. Последниот пат „Црвените ѓаволи“ не освоиле бод на 22-ри јануари во домашниот првенствен натпревар против Барнли 0:2.

На табелата Манчестер Јунајтед е петти со 49 бодови, само два помалку од четвртпласираниот Челзи кој го држи последното место кое води во Лигата на шампионите, но има меч помалку. Шефилд Јунајтед, пак, остана провремено на осмата позиција со 44 бодови.

Вулверхемптон го задржа бодовниот приклучок со Манчестер Јунајтед со 49 бодови, благодарејќи над минималната победа над Борнмут. Голот вреден три бода го постигна Хименез во 60 минута. Борнмут со новиот пораз остана на 18-то место со 27 бодови, од место кое води во втората лига и има шанси во поволен расплет само да ги достигне 17-от Вест Хем и 16-от Брајтон.

За 20-от првенствен пораз на Норич и 11-та победа на Евертон заслужен е Мајкл Кин кој во 55 минута го постигна единствениот погодок на средбата. Така Норич остана закован на дното на Премиер со 21 бод, а Евертон веќе се проби до 10-то место со 41 бод.

Њукасл до 83 минута ја имаше победата в џеб, благодарејќи на погодокот кој во 68 минута го искреираа двајцата играчи од клупата за резерви. Едни Карол ја протури топката до Двајт Гејли, кој влезе во противничкиот шеснаесетник и рутинирано го погоди спротивниот агол. Но, важен бод за Астон Вила донесе Елмохамадо во 83 минута, на кој со лоша интервенција му кумуваше домашнито голман Дубравка.

Њукасл остана на 13-то место 39 бодови, додека Астон Вила и натаму е претпоследна , но бодовно израмнета со 27 бодови со Борнмут и Вест Хем на 17-то и 18-то место.

Во последниот натпревар од програмата во средата, Ливерпул со 4:0 го декласираше Крисал Палас. Стрелци за „Редс“ беа Трент Александер-Арнолд во 22, Мохамед Салах во 44, Фабињо во 55 и Садио Мане во 69 минута.

Алескандер-Арнолд на овој меч ја забележа 30-та акција со резлтат од неговото деби во Премиер лигата во август 2016 година, што е најдобар резултат во лигата меѓу одбранбените играчи. Истовремено Ливерпул веќе трета сезона со ред освојува 100 или повеќе голови, а тимот останува непоразен на домашен терен веќе на 31 натпревар.

Ливерпул и натаму е водечки на табелата со 86 бодови со 23 бодови предност. Четата на Јирген Клоп може и математички да ја обезбеди титулата веќе во четврток доколку второпласираниот Манчестер Сити не го совлада четвртопласираниот Челзи. Кристал Палас, пак, остана моментално на деветтото место со 42 бодови.