Хет-трик на Мбапе во победата на ПСЖ кај Лион

Фудбалерите на ПСЖ изборија пласман во финалето на францускиот куп откако во средата вечерта на гостувањето кај Лион победија со 5:1, со трите погодока на Килиан Мбапе.

Домашниот Лион поведе во 11 минута со голот на Мартен Терие, но само три минути подоцна Килиан Мбапе израмни со својот прв гол на мечот.

„Лавовите“ добро се држеа до 61 минуте, но откако беше исклучен Фернандо Марсал, играта на Лион се распадна. Во 64 минуте од пенал погоди Нејмар за 2:1, а потоа Мбапе го зголеми водството 70 минута, а до крајот погодија и Пабло Сарабија во 81 и третпат Мбапе во втората минута од судиското продолжение.

Во второто полуфинале во четврток се среќаваат Сен-Етјен и Рен.

ПСЖ е рекордер со 12 титули во Купот и уште пет финални натпревари. Марсеј славеше 10 пати во 19 финалиња, додека на третото место се Сен-Етјен и Лил со по шест титули.

Финалето е закажано за 25-ти април на „Стад де Франс“ во Париз.