Во последниот натпревар од 34-то коло од шпанското фудбалско првенство во четвртокот вечерта Хетаде и мадридски Реал одиграа без голови.
Реал сега е на третто место со 65 бодови, десет повеќе од четвртата Севилја и петтиот Хетафе кои се борат за последното место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.
Севилја со високи 5:0 со сите голови во второто повлувреме го победи Рајо Ваљекано. Стрелци беа Промес во 55, Мунир во 57 и 62, Бен Једер во 69 и Гил во 86 минута.
Рајо Ваљекано остана последен со 28 бодови, седум помалку од 17-от Вајадолид кој го држи последното место кое обезбедува опстанок.
Вилјареал со голот на Морен во 85 минута како гостин го совлада Реал Сосиедад со 1:0 (0:0, и сега е 14-ти со 39 бодови, пет повеќе од 18-та Жирона која се наоѓа во зоната на испаѓање. Реал Сосиедад е безбеден 11-ти со 41 бод.
На врвот е Барселона со 80 бодови, девет повеќе од второпласираниот мадридски Атлетико.