Хезболах ќе плаќа сѐ поголема цена, уверува израелскиот министер за одбрана

Израел ќе продолжи со воената акција против либански Хезболах, иако новата фаза на борби вклучува значителни ризици, изјави во четвртокот министерот за одбрана Јоав Галант.

„Во новата фаза на војната има значителни можности, но исто така и значителни ризици. Хезболах чувствува дека тоа се спроведува и низата на воени дејства ќе продолжат“, рече Галант во изјавата.

„Нашата цел е да обезбедиме безбедно враќање на северните заедници на Израел во нивните домови. Како што одминува времето, Хезболах ќе плаќа сè поголема цена“, рече Галант.

Мировните сили на Обединетите нации во Либан (UNIFIL), кои ја надгледуваат областа од 1978 година, уштев во јануари го прогласија вториот највисок степен на тревога.

Израел бара Хезболах да се повлече од границата за да обезбеди безбедност на цивили на северот на земјата. Исто така, Тел Авив се закани со употреба на воени агенти доколку не доведат до дипломатски напори за повлекување. Повеќе од 76.000 луѓе ги напуштија своите домови во јужниот дел на Либан од почетокот на неодамнешните размени на оган. Повеќе од 80.000 луѓе беа евакуирани од израелската страна на границата…

Израел изврши десетици напади низ јужен Либан во четвртокот, изјавија за Reuters три либански безбедносни изворa, истакнувајќи дека тоа е едно од најинтензивните бомбардирања од почетокот на војната во октомври.

Либан и Хезболах го обвинија Тел Авив за нападите во средата врз комуникациската опрема на Хезболах, во кои загинаа 37 луѓе, а беа ранети околу 3.000, преплавувајќи ги болниците во земјата. Израел директно не ги коментираше нападите, за кои безбедносни извори велат дека најверојатно биле извршени од израелската разузнавачка служба Мосад.

Овие судири меѓу израелските сили и Хезболах од почетокот на ланскиот октомври претставуваат најсериозен воен конфликт од втората либанска војна во 2006 година. Но, набљудувачите велат дека двете страни сè уште следат одредени непишани правила, бидејќи досега избегнуваа натамошна ескалација.

Хезболах, кој е поддржан од Иран, ја контролира владата во Либан и има арсенал на ракети кои претставуваат закана за Израел. Еврејската држава, од друга страна, се смета дека е воено способна да му нанесе неизмерно голема штета на Либан.

Либанската шиитска групација Хезболах е активна во јужен Либан и во Сирија, чијашто територија на Голанската висорамнина Израел ја анектираше во 1981 година.

Хезболах, чии милиции се вооружувани и обучувани од Иран, е далеку помоќна борбена форамција од палестински Хамас, а разликата е и во припадноста на шиитскиот и сунитскиот огранок на исламот. Од последната војна меѓу Израел и Хазболах во 2006 година, либанското движење стана многу помоќно. Се проценува дека Хазболах има арсенал од повеќе од 100.000 ракети, а покрај тоа неговите единици се здобија со богато борбено искуство учествувајќи од 2011 година во војната во Сирија.

Хезболах и Израел водеа две големи војни од 1980-тите. Израелските трупи беа принудени да се повлечат од Либан по конфликтот во 2006 година. Хезболах има значително присуство во јужен Либан и периодично се конфронтира со израелските сили кои патролираат по границата.

Во војната од 2006 година со израелската сила, Хезболах се покажа како сериозен противник, а воените аналитичари предупредуваат дека неговите борци се стекнале со големо борбено искуство со учеството во војната во соседна Сирија започната од 2011 година, и оти движењето е добро вооружено благодарејќи на целосната поддршка од Иран.

Движењето на шиитската заедница во Либан со неговото воено крило е формирано во заднината на долгата граѓанска војна со вмешаност на САД и Израел во 1982 година со поддршка на Иранската револуционерна гарда. Се смета дека е најдобро вооружена групација во регионот на Блискиот исток, а се здоби со големо борбено искуство учествувајќи во регионалните војни главно во Сирија на стрнаа на владата на претседателот Башар ал-Асад.