Хезболах и сојузниците освоија над половина од мандатите во либанскиот парламент

Шиитското движење Хезболах, кој одржува тесни врски со Иран, би можел со своите политички сојузници да освои повеќе од половината од мандатите во либанскиот парламент составен по првите парламентарни избори во девет години, покажуваат неофицијалните резултати од неделните избори, тврдат локалните политичари и медиуми.

Неофицијалните резултати, исто така, зборуваат дека премиерот Саад ал-Харири којшто е поддржуван од Западот би можел да ги заврши изборите како водач на сунитските партии во парламентот од 128 пратеници, што го прави кандидат за формирање на следната влада иако загуби пратенички места. Според либанскиот систем на поделба на власта, премиерот мора да биде сунит.

Изборите во Либан се одржуваат според многу сложен изборен законик, а првите официјални резултати се очекуваат подоцна во понеделникот.

Христијанската партија, според првите процени го зголемила бројот на пратениците од осум на петнаесет.

Сојузниците на Хезболах се движењето Амал, предводено од парламентарниот спикер Наби Бери и Христијанското слободно патриотско движење основано од либанскиот претседател Мишел Аун.

Агенцијата Reuters објави пресметка спорд којашто Хезболах и неговите политички сојузници освоиле најмалку 67 пратенички места.

Движењето Хезболах во САД е прогласено за терористичка организација, а како непријател на Израел повеќепати војуваше со еврејската држава од основањето на организацијата во 1982 година.

Парламентарните избори во Либан беа трипати одложувани од 2009 година проади кризата во соседна Сирија којашто во почетокот се прелеваше и во земјата, како и поради несогласувањата околу новиот изборен законик.

Парламентарните места беа подеднакво поделени – 64 за христијаните и 64 за муслиманите, вклучително и етничко-конфесионалната заедница Друзи со две половини кои и натаму се поделени меѓу 11 верски групи.

Изборите во неделата беа одржани според новиот изборен законик усвоен во јуни 2017 година по неколкугодишни остри дебати. Новиот систем го намали бројот на изборни единици од 26 на 15. Исто така, го замени досегашниот плурален систем на пропорционална застапенсота, зголемувајќи ја секташката разновидност на претениците во секој округ.

Според договорот за поделба на политичките сили со кој заврши граѓанската војна во Либан која траеше од 1975 до 1990 година, премиерот мора да биде сунитски муслиман, претседателот на земјата – маронит христијанин а собранискиот спикер – шиитски муслиман.

Сунитското движење Харири, кое е директно насочено против Хезболах, а е поддржувано од Саудиска Арабија, беше победник на последните парламентарни избори во 2009 година, но оттогаш се распадна.