Моќното либанско шиитско движење Хезболах, поддржувано од Иран, објави во саботата дека неговите единици истрелале 62 проектили кон територијата на соседен Израел, што би бил рекорден број лансирани ракети од почетокот на војната во Газа во октомври.
Целта на нападот била воена база во близина на градот Мерон во северен Израел, според милицијата, која се смета за сојузник Иран и сега на исламистичка организација Хамас во појасот Газа. Шиитски Хезболах и сунитски Хамас, инаку во блискоисточните војни многу често беа на различните страни, па дури имаше и меѓусебни судири. Меѓутоа, заедничко им е крајната нетрпеливост и непријателство кон Израел
Хезболах соопшти дека нападот е „првата реакција“ на убиството на Салех ал Аерури, заменик-шефот на политбирото на Хамас, во вторникот вечерта во предградие на либанската престолнина Бејрут.
Израелската армија го потврди нападот во близина на Мерон и рече дека се идентификувани околу 40 проектили додека се приближувале до Израел. Во возвратен удар, било нападната една позиција во Либан од која се лансирани проектилите, соопштија официјалните лица.
Според либанските извори на безбедност, Израел ја гранатирал христијанската населба Рмејш во јужниот дел на Либан. Борбени авиони, исто така, ги ракетирале селата Хула и Јарун, велат изворите.
Ниту една страна досега не обезбеди информации за жртвите, а ситуацијата, наводно, е сè уште напната. Во речиси тримесечните прекугранични ракетирања во Либан загинаа 175 луѓе, меѓу кои 129 борци на Хезболах, но и повеќе од 20 цивили, меѓу кои тројца новинари. Во северниот дел на Израел, според израелските власти, загинале девет војници и најмалку четворица цивили.
Мировните сили на Обединетите нации во Либан (UNIFIL), кои ја надгледуваат областа од 1978 година, го прогласија вториот највисок степен на аларм.
Израел бара Хезболах да се повлече од границата за да обезбеди безбедност на цивили на северот на земјата. Исто така, Тел Авив се закани со употреба на воени агенти доколку не доведат до дипломатски напори за повлекување. Повеќе од 76.000 луѓе ги напуштија своите домови во јужниот дел на Либан од почетокот на неодамнешните размени на оган. Повеќе од 80.000 луѓе беа евакуирани од израелската страна на границата…
Овие судири од почетокот на октомври претставуваат најсериозен воен конфликт од втората либанска војна во 2006 година. Но, набљудувачите велат дека двете страни сè уште следат одредени непишани правила, бидејќи досега избегнуваа натамошна ескалација.
Хезболах, кој е поддржан од Иран, ја контролира владата во Либан и има арсенал на ракети кои претставуваат закана за Израел. Еврејската држава, од друга страна, се смета дека е воено способна да му нанесе неизмерно голема штета на Либан.
Либанската шиитска групација Хезболах е активна во јужен Либан и во Сирија, чијашто територија на Голанската висорамнина Израел ја анектираше во 1981 година.
Хезболах, чии милиции се вооружувани и обучувани од Иран, е далеку помоќна борбена форамција од палестински Хамас, а разликата е и во припадноста на шиитскиот и сунитскиот огранок на исламот. Од последната војна меѓу Израел и Хазболах во 2006 година, либанското движење стана многу помоќно. Се проценува дека Хазболах има арсенал од повеќе од 100.000 ракети, а покрај тоа неговите единици се здобија со богато борбено искуство учествувајќи од 2011 година во војната во Сирија.
Хезболах и Израел водеа две големи војни од 1980-тите. Израелските трупи беа принудени да се повлечат од Либан по конфликтот во 2006 година. Хезболах има значително присуство во јужен Либан и периодично се конфронтира со израелските сили кои патролираат по границата.
Во војната од 2006 година со израелската сила, Хезболах се покажа како сериозен противник, а воените аналитичари предупредуваат дека неговите борци се стекнале со големо борбено искуство со учеството во војната во соседна Сирија започната од 2011 година, и оти движењето е добро вооружено благодарејќи на целосната поддршка од Иран.
Движењето на шиитската заедница во Либан со неговото воено крило е формирано во заднината на долгата граѓанска војна со вмешаност на САД и Израел во 1982 година со поддршка на Иранската револуционерна гарда. Се смета дека е најдобро вооружена групација во регионот на Блискиот исток, а се здоби со големо борбено искуство учествувајќи во регионалните војни главно во Сирија на стрнаа на владата на претседателот Башар ал-Асад.