Ова е прв пат Хезболах да му се заканува на Кипар кој е во ЕУ и се наоѓа во Средоземното Море, на околу 200 километри од Либан. Кипар одржува заеднички воени вежби со Израел од 2014 година.
Лидерот на либанската милитантна група Хезболах вчера се закани дека ќе го нападне европскиот остров Кипар доколку избие војна меѓу Израел и Либан, пишува Си-ен-ен.
„Кипар, исто така, ќе биде дел од оваа војна ако ги отвори своите аеродроми и бази за израелските сили“,
рече Хасан Насрала во телевизиско обраќање само еден ден откако Израел го предупреди Хезболах, група поддржана од Иран, дека војната е неизбежна.
Ова е прв пат Хезболах да му се заканува на Кипар кој е во ЕУ и се наоѓа во Средоземното Море, на околу 200 километри од Либан. Кипар одржува заеднички воени вежби со Израел од 2014 година.
Заканата на Насрала дојде како дел од одговорот на предупредувањето на Израел. Тој рече дека Хезболах „ќе ги расклати столбовите на Израел доколку на Либан му се наметне војна“.
Загриженост поради можноста за сеопфатна војна
Тензиите меѓу Хезболах и Израел се зголемуваат по нападот на Хамас на 7 октомври и воената кампања на израелските одбранбени што следеше. Прекуграничните напади меѓу Хезболах и Израел се интензивираа во последниве недели, што ја зголеми загриженоста за можноста од сеопфатна војна.
Во вторникот, Хезболах се пофали со деветминутно видео снимено со дрон на кое се прикажани цивилни и воени локации околу еден од најголемите израелски градови, Хаифа. Видеото го поттикна израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац да предупреди на сеопфатна војна во која „Хезболах ќе биде уништен, а Либан тешко поразен“.