Хил: Србија ја прифати европската иднина и јасен план како да стигне таму

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Србија, Кристофер Хил, денеска изјави дека Србија ја прифатила својата европска иднина и јасен план како да стигне до неа.

Како што напиша амбасадорот Хил на Твитер, таа одлука бара мудрост, интегритет и храброст. Хил рече дека има уште многу работа да се заврши и дека САД ќе бидат со Србија на секој чекор.

– Најважниот резултат од разговорите во Охрид: Србија ја прифати својата европска иднина и јасен план како да стигне таму – одлука која бара мудрост, интегритет и храброст. Има уште многу работа, а Соединетите Американски Држави ќе бидат со вас на секој чекор – напиша американскиот амбасадор во Србија.