Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил изјави дека Соединетите Американски Држави не знаат многу детали за вчерашното апсење на тројца Срби од Косово.„
„За нив е кажано дека се поврзани со злосторства што наводно се случиле пред триесет години. Ќе оставам на другите да заклучат зошто апсењата следеа веднаш по неуспешниот круг на дијалог во Брисел и за време на Генералното заседание на Обединетите нации“, изјави американскиот амбасдор во Белград.
Хил рече дека верува оти ова може брзо да се реши и дека би сакал „повеќе да се зборува за соработка, а помалку за апсења“.
Посочи и дека САД не разбираат како забраната за увоз на стоки од Србија во Косово, која ја воведоа властите во Приштина, може да помогне за севкупната ситуација во односите меѓу Белград и Приштина.