![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/Capture-40.jpg?resize=696%2C379&ssl=1)
Хилари Клинтон, поранешната американска државна секретарка во администрацијата на претседателот Барак Обама, во вторникот го поддржа неговиот потретседател Џо Бајден како кандидат на Демократската партија на претседателските избори на 3-ти ноември упатувајќи критики на сметка на актуелниот републикански претседател Доналд Трамп од кого пред четири години беше неочекувано уверливо поразена.
„Сакам да им се придружам на сите кои ве поддржуваат за да станете наш претседател“, рече поранешната прва дама на САД.
„Замислете само како би било да имаме претседател кој не само што би ја слушал науката и би им дал предност на фактите а не на измислиците, туку и би нѐ обединил, би покажажал сочувствување и внимание какви што ни се потребни од нашиот претседател, за што Џо Бајден е пример“, додаде Хилари Ќлинтон во текот на тркалезната маса одржана преку видоеврски а пренесувана на интернет.
„Замислете како би било да имаме вистински претседател, а не некој кој го глуми на телевизија“, додаде Клинтон алудирајќи на Трамп.
„Би сакала вие сега да бидете претседател“, рече обраќајќи му се на Бајден нарекувајќи го свој „пријател“.
„Одвај чекам тоа да стане, ако сториме сѐ да поддржиме ваков вид луѓе кои би сакале да ги видиме во Белата куќа за да ставиме крај на презирот не само на американските вредности, туку и на американските институции, владеењето на правото и уште толку многу работи, поради нејзиниот сегашен станар“ Доналд Трамп, рече Клинтон,
Џо Бајден ѝ се заблагодари на поддршката којашто јавно му ја пружи во текот на настанот посветен за „влијанието на Covid-19 на жените“.