![hilari-klinton](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/hilari-klinton.jpg?resize=284%2C177&ssl=1)
Поранешната прва дама на САД, Хилари Клинтон во еден разговор со нејзина пријателка ја опишала Моника Левински, некогашната љубовница на нејзиниот сопруг Бил Клинтон кој тогаш беше претседател на САД, како нарцисоидна и комична фигура и објаснила зошто му ја простила аферата со таа девојка која била на пракса во Белата куќа.
Реакцијата на Хилари кога открила дека сопругот ја изневерува, ја опишала нејзината пријателка Дајан Блер која вели дека Хилари во прв момент била запрепастена, но подоцна се обидела да не придава важност на таа афера, и во својата книга напишала дека сексот помеѓу нејзиниот сопруг и младата Моника не значел ништо.