Нема човек кој овие денови не слушна за Либерленд – самопрогласената држава на реката Дунав меѓу Србија и Хрватска. Претседател е Чехот Вит Једличка, а службени јазици се чешки и англиски.
Једличка додава дека многумина на неговата држава и ја нудат својата стручност кога станува збор за соларната инфраструктура, телекомот, просторното планирање, па дури и ковањето на пари.
„Луѓето за само неколку дена го испланираа целиот град, а некои сакаат да вложат во него па дури и да се вселат. Тоа што изгледаше како сон, сега делува реално“ – изјави овој Чех.
Единствените услови за државјанство се дека кандидатот мора да ги почитува туѓите права, мислење и приватна сопственост, не смее да има криминално досие, како ни нацистичко или комунистичко минато.
Једличка смета дека клучот на просперитетот е успешна фискална политика. Плаќањето на даноците ќе биде необврзувачко, а граѓаните ќе финансираат само одредени развојни проекти.
Имаат свое знаме, имаат и мото, а химната моментално им ја компонира некој чешки рапер.