Хиперсоничните ракети „Кинжал“ што ќе ги носат борбените авиони МиГ-31К кои ќе патролираат во водите на Црното Море ќе добијат капацитет да ја променат целта за време на летот, изјави во средата ТАСС извор близок до руските воздушни сили.
На 18 октомври, рускиот претседател Владимир Путин рече дека им дал инструкции на Воздухопловните сили да започнат постојани воздушни патроли со авиони вооружени со хиперсонични ракети „Кинжал“ над Црното Море.
„Сега авионите МиГ-31К ќе почнат да патролираат во Црното Море, а ракетите „Кинжал“ што ги носат може да се програмираат директно од нивната табла, односно програмирањето ќе се одвива од одборот на авионот, а не од земја, со пренасочување за време на летот “, вели изворот, објави Тасс.
Претседателот Владимир Путин во март 2018 јавно ги претстави ракетите „Кинжал” како дел од повеќе нови супер оружја. Кратко потоа беше објавено дека успешно биле тестирани. Според Путин тие се „недопирливи” за западната антиракетна одбрана.
Хиперсоничните проектили со новата комбинација на брзина и маневрирање, можат да ги пробијат сите сегашни системи за антиракетна одбрана и радикално да го намалат времето за реакција на нападнатите страни.
Според проценките на тајните служби од Западот „Кинжал” е развиена пред сѐ за уништување на критична воена инфраструктура во Европа, односно за аеродроми или позиции на американската антиракетна одбрана. Можна мета се и носачи на авиони.