Хисени: Косово ќе се приклучи кон Интерпол во септември

Косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени верува дека Косово ќе ја добие потребната поддршка за да стане членка на Меѓународната организација за криминалистичка полиција – Интерпол до септември.

Тој призна дека, сепак, тоа ќе биде огромен предизвик. Хисени веќе формираше тим кој работи на членството на Косово во Интерпол.

Меѓутоа, се очекува дека Русија, Кина и некои африкански држави, да го блокираат приклучувањето на Косово во Интерпол.

За членството се потребни две третини од гласовите на членовите на Собранието на Интерпол.