Необичниот свет на Хокинс во Индијана оживеа во четвртокот во Лондон, кога премиерно беше прикажана театарска претстава базирана на хит научно-фантастичната серија на „Stranger Things“ на Netflix.
Дејствието во претставата „Stranger Things: The First Shadow“ се одвива во 1959 година, две децении пред периодот истражуван во телевизиската серија. Ја продуцираа Мет и Рос Дафер, браќата кои ја создадоа и серијата.
Џим Хопер и Џојс Малдонадо, возрасните ликови во ТВ серијата, во претставата се соученици во средно училиште со вообичаени тинејџерски грижи за автомобилите и часовите додека не пристигне нов ученик.
„Тоа фрла светлина врз заднината на сите наши ликови и исто така почнува да дава некои индиции за тоа каде одиме во последната сезона од серијата“, рече Мет Дафер на премиерата на претставата во лондонскиот Вест Енд.
„Stranger Things“ дебитираше на Netflix во 2016 година и стана најгледаната серија на англиски јазик на платформата. Серијата зборува за група тинејџери кои се борат со натприродни настани во измислениот град Хокинс.
Петтата и последна сезона на „Stranger Things“ е одложена поради двата холивудски штрајкови оваа година, а продукцијата ќе продолжи во јануари, изјави Мет Дафер.