Нацистичкиот лидер Адолф Хитлер ја бомбардирал куќата на својот полубрат, Алојз Хитлер.
Алојз живеел на улицата Мерсисајд со сопругата Бриџит и новородениот син. Кога Хитлер наредил бомбардирање на британскиот град Ливерпул ја срамнил со земја куќата во која живеел неговиот полубрат, кој бил келнер во еврејско кафуле.
Во новооткриениот попис тој од непознати причини го навел името Антон, а не своето вистинско име Алојз. Меѓутоа, било утврдено дека станува збор за полубратот на диктаторот кој во 1910. година, на коњска трка во Даблин ја запознал младата Бриџит Елизабет Даулинг, со која подоцна и се оженил. Инаку, тој кон крајот на Втората светска војна бил уапсен од британските агенти, но бил пуштен кога било откриено дека никогаш не бил дел од нацистичката партија на својот брат.