Два нови случаи на заболени со ХИВ/СИДА се регистрирани во Штип. Станува збор за маж и жена од 21 и 34 години.
Во јавноста не се соопштува за начинот на кој била пренесена болеста. Заболените се тестирале на Клиниката во Скопје, иако можноста за бесплатно тестирање ја имаат и во Штип.
Со ова бројката на заболени од оваа смртоносна болест во Штип се искачи на четворица. За епидемиолозите загржувачи е фактот што новозаболените се регистрирани за период од само една година.
Во универзитетски Штип студираат 17.000 студенти, меѓу кои и студенти од странство.
Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје од Штип денеска уште еднаш повикаа на задолжително кристење на презерватив, како превенција од ХИВ/СИДА.