![lleyton-hewitt](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/lleyton-hewitt.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
34-годишниот Хјуит, кој беше финалист на турнирот во 2005 година, последниве три учества на Австралија Опен ги завршуваше во втората рунда.
Директорот на турнирот, Крег Тејлан изјави дека со оваа “вајлд карта” сака да му оддаде почит на Австралиецот кој ја најави својата пензија по завршувањето на оваа тениска сезона.
Наградата за првото место на Австралија Опен е зголемена за 10 проценти и сега ќе изнесува 44 милиони австралиски долари.