Поради проблеми со воздушното перниче, јужнокорејскиот производител на автомобили Хјундаи, донесе одлука од пазарот да повлече 137.000 возила, соопштува Франс прес.
Според информациите на компнијата во докуметите кои се испратени до Националната служба за безбедност на патиштата, утврдено е дека е можно воздушните перничиња да не се зацрвстени добро за воланот, што би претставувало проблем доколку се случи сообраќајна несреќа.
Во марката на Хјунади кои се повлечени од пазарот е Tucson, кои се произведени меѓу 3 јануари 2011 и 23 јануари 2013 година.
Од компанијата соопштуваат дека засега се нема случено ваков проблем, но од безбедносни прични компанијата ги повлекува возилата.