Хоџа: Јас лично сум за напуштање на Владата

Прегласувањето на избирачкото место 2107 во општина Хелинелино може да доведе до рушење на Владата.

Откако Изборната комисија со 6 гласа „за“ одлучи дека на ова избирачко место да има прегласување, генералниот секретар на Движењето Беса за ТВ21 изјави дека тој лично смета дека треба да се излезе од Владата.

-Ќе се зборува во раководството на партијата. Ако ме прашувате за мојот личен став, јас сум за напуштање на мнозинството, изјави Хоџа за ТВ21.

Хоџа потврди и дека ДИК одлучила за прегласување на ова избирачко место, а претходно на својот Фејсбук напиша: „Желино која роди партија (како Движењето БЕСА), може да стане Желино која руши Влада! ”

Во општина Желино победник на изборите е Блерим Сејдиу од Движењето Беса, кој освои 69 гласа повеќе од неговиот противкандидат од ДУИ, Фатмир Изаири. Во Желино, Сејдиу добил 5.171 глас, додека Изаири 5.102. Во однос на избирачкото место 2107, разликата е 117 гласа за кандидатот на ДУИ. Тој доби 227 гласа, додека Сејдиу 110 гласа.

ДИК денеска ги објави конечните резултати во повеќе општини, а беа разгледани и приговорите на политичките партии. ДУИ за оваа општина има поднесено два приговори во кои се тврди дека отпечатоците од прсти не се совпаѓаат со бројот на гласачи и дека еден гласач гласал со неважечка лична карта.

-Согласно член 158 точка 3, ДИК одлучи да ја отвори гласачката кутија за да провери дали граѓанинот гласал со неважечка лична карта на гласачкото место 2107, а потоа да ги провери неправилностите при гласањето со отпечатоци. За да провери дали има неправилности, Комисијата побара ОИК Желино да достави посебни обрасци до избирачките листи со решенија за запишување на посебното избирачко право, објаснуваат од ДИК.