енералниот секретар на Беса Аријанит Хоџа во изјава за Алсат вели дека целта на неговата партија е да ја дефакторизира ДУИ и ако во четврток не успеат да изгласаат недоверба на Владата, тогаш Беса ќе излезе од владејачката коалаиција.
– Тројцата пратеници на Беса ќе гласаат за недоверба на Владата в четврток – вели Хоџа.
Во емисијата „200“ на Алсат, тој наведува дека нивниот проблем не е СДСМ, туку дека целта на Беса е да ја тргне власта од рацете на ДУИ.
– Во рушењето на Владата, во чекорот што е депониран во Собранието, ќе учествуваат нашите пратеници. Што ќе биде потоа одлучуваат партиските органи. Не ги затворам опциите дека во иднина ќе можеме да разговараме со СДСМ, ниту со премиерот Зоран Заев, за кој морам да кажам дека е еден од луѓето што најмногу се жртвуваше на патувањето на Северна Македонија во евро-атлантските процеси – рече Хоџа.