Рускиот претседател, Владимир Путин го потпиша помилувањето на најпознатиот руски затвореник Михаил Ходорковски, кој во текот на утрото излезе од затвор.
Руски „Комерсант“ претходно објави дека Ходорковски побарал помилување под притисок на безбедносните служби.
„Путин на вчерашната годишна конференција за печат во Москва ја изненади цела Русија изјавувајќи дека тајкунот, кој од 2003 година е во затвор, побарал помилување од хуманитарни причини, поради болест на неговата мајка“, пренела агенцијата „Асошиејтед прес“.
Ходорковски, некогаш најбогатиот Русин, повеќе пати изјавил дека нема да побара помилување од Путин бидејќи тоа би значело признавање на вината.