Зголемувањето на даночната стапка би бил тежок товар. Со зголемување на давачките целиот профит и развојните програми за компаниите би биле поотежнати, и да се постигнат резултати на компанијата, вели Неби Хоџа од Стопанска комора на северозападна Македонија во отвореното студио во ТВ Нова.
Стопанственикот смета дека овие даночни политики треба да се пролонгираат.
„Подобро да можеш да направиш услови сите да бидеме актери во развојот на економијата, отколку на постојните да им ги зголемиш давачките и да има ризик да затворат“, вели Хоџа.