![HODZON GLAVOBOLKA CEMBRLEN](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/HODZON-GLAVOBOLKA-CEMBRLEN.jpg?resize=620%2C430&ssl=1)
Конечниот резултат од пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Англија и Екаврор е во сенка поради тешката повреда која ја заработи стандардниот првотимец во дресот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Алекс-Окслеид Чембрлен.
Во 63 минута, крилниот напаѓач на Англија, беше грубо фаулиран од репрезентативецот на Еквардор, Карлос Груезо, а по натпреварот предводникот на “Гордиот Албион”, Рои Хоџсон изјави дека најверојатно станува збор за повреда на вкрстените лигаменти во коленото.
„Многу сме загрижени, на сите ни е страв. Мислам дека станува збор за повреда на вкрстените лигаменти. Ќе бидат направени нови лекарски снимки, потоа точно ќе знаеме за каква повреда станува збор и дали ќе настапи на престојниот Мундијал во Бразил. Истовремено се надевам дека не станува збор за некоја сериозна повреда. Одигра одлично против Еквадор, делува како да е во вистинска форма”, изјави Хоџсон.