Германскиот суд во вторникот казни водечки член на германската крајно десничарска евроскептична и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) поради употреба на забранет слоган од времето на нацистичка Германија, изјави портпаролот на судот.
Судот во источниот град Хале го казни Бјорн Хоке со 13.000 евра, откако го прогласи за виновен. Хоке, челник на AfD во покраината Тирингија, е по инсистирањето на властите од леволибералната коалиција е означен како член на „националистичкото крило“ на AfD, а германската разузнавачка агенција официјално го означи како „десничарски екстремист“.
Во мај 2021 година кога започна големкиот подем на AfD која во моментов е втората во анкетите германска партија, Хоке го завршил предизборниот говор во источниот град Мерсебург со зборовите „Сѐ за Германија!“. Оваа фраза е забранета имено затоа што ја користеле германските анцистички јуриѓници познати како „Sturmabteilung“.
Во Германија, употребата на слогани и симболи поврзани со антиуставните групи, вклучувајќи ја и нацистичката партија, е незаконско.
Неговите адвокати тврдеа дека тој не знаел дека зборовите се забранети, а самиот Хоке, професор по историја, во телевизиска дебата рече дека не знаел за потеклото на терминот. Хоке можеше да се соочи со затворска казна до три години и забрана за вршење јавна функција.