Хокеарите на „Вашингтон Капитолс“ изедначија во финалето на НХЛ лигата против „Вегас Голден Кнајтс“ со 3:2 (1:1,2:1,0:0) и направија брејк, со што влегуваат со предност на следните натпревари кои ќе се играат во Вашингтон.
Гостите ги „спуштија“ на земја домаќините, кои се хит на лигата и имаат фантастична серија која може да ги доведе до титулата и освојувањето на Стенли Купот веќе во нивната прва НХЛ сезона.
За разлика од првиот натпревар кога хокеарите од Вашингтон три пати имааа имаа предност, но примија три гола во финишот, ноќеска не ја испуштија минималната предност, иако „Вегас Голден Кнајтс“ поведоа со голот на Џејмс Нил.
Погодоците за гостите ги постигнаа Ларс Елер, Александер Овечкин и Брус Орпик, а почесен погодок за домачините дааде Шиа Теодор.