Холанѓанец си го обљубил малолетното дете во Битола

Шеесет и едногодишен Холанѓанец си го силувал малолетното дете во Битола.

Во вторникот во 10.30 часот во СВР Битола, жена од Битола пријавила дека на 07.04.2020 нејзиниот сопруг 63-годишниот Н.С. од Холандија со привремен престој во Битола, извршил обљуба врз нивното малолетно дете.

По насоки на јавниот обвинител пријавениот е лишен од слобода од полициски службеници од СВР Битола, велат од полицијата.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.