Холанѓаните пронашле ретка дрвена обувка стара 500 години

Холанѓаните се светски познати по своите дрвени кломпи, но неодамнешното ретко откритие на 500 години стар чевел во градот Алкмар покажа колку некогаш била широко распространета употребата на такви обувки.

„Пронајдена е во септичка јама во урбана средина. Ова е многу посебно, бидејќи со дрвените обувки секогаш помислувате на земјоделци коишто ги користеле кломпите за време на нивната работа“, изјави за Reuters археологот Силке Ланге.

„Но, ова всушност беше пронајдено во урбан контекст. Тие користле ваков тип обувки за секојдневна употреба“, додава Ланге.

Дрвениот чевел бил пронајден во септичка јама откриена минатиот месец за време на изградбата на подземен контејнер за отпад во Алкмар, на околу 30 километри северозападно од Амстердам.

Септичката јама се користела како тоалет и депонирање отпад од околу 1450 до 1558 година, велат археолозите. Се проценува дека кломпата, се европска големина 36, е направена кон крајот на XV или почетокот на XVI век.

Воедно тоа е и првата обувка пронајдена во Холандија направена од дрво од бреза и една од само 44-те дрвени чевли пронајдени за време на ископувањата во Холандија и Белгија.