Холандскиот парламент денеска ја изгласа иницијативата, земјата да се повлече од политиката на ЕУ за азил и миграција.
Според оценката на десничарските кругови, тоа е епохална промена со која власта ќе може да ја запре инвазијата на имигранти и да се посвети на масовни протерувања.
Одлуката во овие кругови се нарекува историска и со неа Холандија ќе може да тргне по стапките на Данска.
Се проценува дека ова може да биде крај на масовното имигрирање во оваа земја.