Холандската влада ја враќа препораката за работење од дома поради растот на новите случаи на зараза со коронавирусот, само неколку седмици по укинувањето на мерките, изјави премиерот Марк Руте пред парламентот во средата.
Холандија минатиот петок повторно воведе ограничување за работното време на баровите, рестораните и ноќните клубови за да се сузбие епидемијата меѓу младите, само две седмици откако ги укина мерките за „затворање“ бидејќи се намалуваше бројот на заразите на дневно ниво.
Препората за работење од дома не е задолжителна и се однесува само на оние кои може да работат од дома. Холандија ги укина повеќето мерки на 26-ти јуни, бидејќи со забрзаното вакцинирање на населението остро паднал бојот на заразите.
Пратениците во парламентот го прекинаа летниот одмор поради вонредната седница посветена по шесткратниот скок на новите зарази кои во средата надминаа 10.000, првпат по шест месеци.
„Се враќаме на старата препорака“, им порача премиерот Руте на пратениците, кого го цитира информативниот поратл NU.ni.
Холандската влада ги откажа повеќедневните фестивали и настани со голема посетеност во рамките на ограничувања којашто ќе биде на сила до 14-ти август.