
Владата на Холандија презема мерки за целосно запирање на увозот на течен природен гас од Русија, објави денеска холандскиот министер за клима и енергетска политика Роб Јетен во интервју за агенцијата Блумберг.
Холандија оваа година престана да потпишува нови договори за набавка на течно сино гориво од Русија, без да ја објави својата одлука.
Владата на земјата „работи на раскинување на постојните договори“, откри Јетен и прецизира дека „во моментов се водат преговори со одредени компании“, пренесе БТА. Одлуката на холандскиот кабинет ќе важи и за долгорочните договори и за договорите на спот пазарите, пишува Ројтерс.