![avion-f-16-224863](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/avion-f-16-224863.jpeg?resize=696%2C488&ssl=1)
Холандската министерка за одбрана, Каиса Олонгрен изјави дека Холандија ќе и обезбеди на Украина вкупно 24 борбени авиони Ф-16, пренесоа украински медиуми.
-Вкупно, на Украина ќе и обезбедиме 24 борбени авиони Ф-16. Тие ќе и бидат предадени штом се ќе е подготвено. Овој момент зависи од обуката на украинските пилоти и техничари, како и, се разбира, од инфраструктурата, нагласи Олонгрен.
Според неа, овој трансфер е заеднички напор со Украина, како и со Данска, САД и други земји.
-Тешко е, комплицирано е, но ќе се случи. Нашата коалиција се надева дека ова лето ќе можеме да започнеме со испорака на борбени авиони Ф-16, прво во Данска, а потоа и во Холандија, додаде таа.
Холандија има намера да ја изврши првата испорака на Ф-16 во втората половина на оваа година, забележуваат украински медиуми.