Холандија преговара со САД за ограничување на извозот на опрема за чипови во Кина

Холандија разговара со американската администрација за нови ограничувања на извозот на опрема за производство на полупроводници во Кина, извести во петокот министерската за трговија Елизабет Лисје Схрајнемахер.

Под притисокот од САД., холандската влада од 2018 година не му дозволува на „ASML Holding NV“, најголемата холандска компанија, извоз на машини за производство на полупроводници во Кина, бидејќи имаат ознака за „двојна намена“, што значи дека може да бидат искористени и во воени цели.

Во октомври годинава САД воведоа нови ограничувања на извозот на опрема за производство на чипови кои ги надминуваат рамките на меѓународната дефиниција за опрема со двојна намена.

„Па, разговараме со САД, очигледно усвоиле еднострани мерки. Не можам да кажам што би било прифатливо за Холандија. Ги мериме своите интереси. Најважен ние е нашиот национален безбедносен интерес“, изјави холандската министерка Схрајнемахер за новинарите во Брисел.

Холандски „ASML Holding NV“ ги произведува машините во Европа, со малку американски делови, но американската министерка за трговија Џина Рајмондо уште на 3-ти ноември изјави дека очекува дека сојузничките земји, меѓу кои и Холандија, да ги следат политиките на САД.

„Вистински ја споделуваме нивната (американска) загриженост кога станува збор за Кина, за безбедност. На нашите компании штети им носат веќе (претходно воведените) ограничувањата на извозот, но верува, дека се оправдани, како што веќе реков, имајќи ги предвид интересите на националната безбедност“, додаде Схрајнемахер.

Приходите на „ASML Holding NV“ во Кина во минатата 2021 година надминале две милијарди долари, со удел во вкупниот приход од 16 отсто. Извршниот директор Петер Венинк на 11-ти ноември изјави дека потенцијалната целосна забрана на извозот позначително не би влијаела врз растот на компанијата до 2030 година.

Претходно месецов кинескиот претседател Кси Џинпинг во текот на самитот на Г20 на Бали го повика холандскиот премиер Марк Руте да даде отпор на „политизацијата на економските и трговските прашања“.