Холандските здравствени власти објавија во петкот дека привремено ја запире имунизацијата со вакцината против Covid-19 на англо-шведската компанија „AstraZeneca“ на луѓето до 60-годишна возраст, но по кинсултациите во саботата здравствените служби одлучија да ги запрат сите вакцинирања со овој препарта а да се избегне фрлање на вакцините.
Околу 700 луѓе повозрасни од 60 години би требало да ја примат вакцината на „AstraZeneca“ следните денови, но и нивното вакцинирање е привремено откажано, бидејќи нема гаранции дека целата серија може целосно да се искористи, доколку само неколку луѓе се вакцинираат.
По вакцинирање во Холандија се пријавени пет случаи на крвно згрутчувања, и тоа на жени од 25 до 65 години. Едно лице починало. Во тек се истраги за да се утврди дали овие случаи се предизвикани од вакцината, соопштија властите.
Досега околу 400.000 луѓе во Холандија се вакцинирани со препаратот на „AstraZeneca“.