Холандија соопшти дека Украина не доставила радарски податоци за денот на падот на авионот

Експертите ја завршиле истрагата од радарските податоци за уривањето на малезискиот „Boeing“ на истокот од Украина летото 2014 година, а украинските власти им обезбедиле на меѓународните истражители само податоци од секундарните радарски системи, соопшти во вторникот холандскиот обвинител Тајс Бергер.

Според него, „украинсите власти испратиле само податоци од секундарниот радар, кој регистрира само цивилни авиони кои испраќаат сигнал на земјата“. Таквите радари, како што прецизира Бергер, добиваат информации од авионите со вклучени транспордери и не пренесуваат податоци за други објекти или авиони кај кои се исклучени уредите за идентификација.

„Не беа добиени податоците од примарните радари во Украина. Заедничката истражна група спроведе истрага, за која тие не беа обезбедени“, додаде холандскиот обвинител.

Според резултатите од оваа истрага, се покажало дека радарот во Донецк бил исклучен од радарскиот систем, затоа што се наоѓал на територијата којашто ја контролирале силите на одментнатата рускојазична самопрогласена република, радарот кај местото Артимовск бил оштетен во текот на борбите, а радарот во Чугуево бил само рутински одржуван.

„Истражувањето на податоците од украинските цивилни и воени радари овозможи само ограничена информација“, додаде Бергер.

Истакна дека првичните податоци од рускиот радар во пограничната Ростовска се покажале како поцелосни од првичните податоци добиени од украинскиот мобилен воен радар во Харков. Сепак, експерите не можеле да најдат никакви траги од лансирана ракета или присуство на воен авион во близина на малезискиот „Boeing“.

Холандскиот обвинител детално ги изложи експертските мислења во врска со техничките аспекти на работата на радарите и појаснил зошто тоа можело да се случи. Сепак, отсуството на податоци за присуство на ловец кој би можел да го нападне цивилниот авион, укажува дека во принцип немало такво летало во областа, а отсуството на радарите траги од лансирње на ракета „не укажува на нејзино отсуство“, додаде Бергер.

„Врз основа на овие податоци, дојдовме до заклучокот дека истрагата на радаските податоци е завршена (…) Не очекуваме дека може да бидат добиени нови радарски податоци“, рече Бергер.

Истакна дека добиените материјали не потврдуваат присуство ниту на авион ниту на проектил во моментот кога се случила трагедијата. Бергер повтори дека истражувањето на податоците добиени од украинските цивилни и воени радари дале ограничени резултати, а исто така биле земени предвид и руските примарни радарски податоци.

Повикувајќи се на експерт за одбраната на Еуроконтрол и на холандскиот Совет за бебзедност, Бергер изнесе неколку верзии зошто не постои радарски записи за проектил од системот „Бук“, со кој според досегашните тврдења наводно бил соборен малезискиот авион.

 

„Фактот дека радарите не откриле не значи дека ракетата не била таму. (Рускиот производител) ‘Алмаз-Антеј’ и Министерството за одбрана на Русија, спротивно, сметаат дека отсуството на присуство на проектил потврдува дека не постоел проектил ‘Бук’ од Снежное“, рече Бергер споменувајќи го местото на коешто според украинската страна наводно проруските бунтовници користеле ваков ракетен систем кој наводно бил донесен преку границата од Русија.

Холандскиот обвинител истакнал дека и холандскиот експерт и руското министерство за одбрана и компанијата „Алмаз-Антеј“ се согласуваат дека воен авион е многу полесно да се открие отколку ракета „Бук“.

Бергер, исто така, истакна дека истрагата не поседува конкретни податоци кои укажуваат на лансирање ракета „земја – воздух“ од позиции на местата Снежное и Зарошченско. Додаде дека областа била истражувана врз основа на сателитски снимки, фотографии, искази на сведоци и други извори.

Холандските експерти тврдеа дека ракетата била истрелана од Снежное, кое во тоа време било под контрола од бунтовниците. Но експерите на „Алмаз-Антеј“ дошле до заклучокот дека во тој случај не би можело да бидат оштетени левото крило и левиот мотор на малезискиот авион. Производителот на овој ракетен систем притоа известил дека извршил три експеримента кои ја потврдуваат дека ракетата би можела да биде истрелана од местото Зарошленско, кое било под контрола на украинските владини сили. Москва и претходно тврдеше дека во времето на уривањето на авиониот во областа на конфликтот бил присутен систем „Бук“ на украинската армија. Додека меѓународниот истражен тим предводен од холандски експерти претходно објави дека ракетата што наводно го урнала авионот била лансирана од поле во близина на селото Первомајско, кое било под контрола на бунтовничките милиции.

 

Судскиот процес за уривањето на авионот на летот MH17 започна на 9-ти март годинава во Холандија. Во него се обвинети тројца Руси и еден Украинец. Едниот Русин го застапуваат двајца холандски и еден руски адвокат, додека на другите ќе им се суди во отстуство.

Малезиоскиот „Boeing“, на летот од Амстердам во Куала Лумпур се урна на 17-ти јули 2014 година во близина на Донецк, кога загинаа 298 патници и членови на екипажот. Киев ги обвини за несреќата ги обвини проруските милиции, а овие одговорика дека не поседуваат оружја кои може да соборат авион на таква височина на кои минуваат меѓународните цивилни линии.

Заедничкиот истражен тим, кој го истражува случајот под водство на јавниот обвинител на Холандија, претходно годинава ги објави привремените резултати од својата истрага. Според нив, авионот бил соборен од противвоздушен ракетен систем „Бук“, кој наводно припаѓал на 53-та противвоздушна ракетна бригада на руските вооружени сили од Курск.

На ова заменикот државен обвинител на Русија, Николај Виниченко, за медиумите изјави дека Москва на Холандија ѝ предала документација којашто укажува дека ракетата „Бук“, којашто го погодила малезискиот авион, припаѓала на Украина и била истрелана од територија под контрила на Киев. Холандската истрага ги игнорираше информациите добиени од руската страна, но на првиот ден од судското рочиште обвинителството призна дека ги примило и оти ги проучува податоците добиени од руското обвинителство.