![HOLANDIJA I CHILE NA REZULTAT](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/HOLANDIJA-I-CHILE-NA-REZULTAT.jpg?resize=620%2C430&ssl=1)
На ред дојде и дуелот помеѓу непоразените во групата “Б”, репрезентациите на Холандија и Чиле.
И двете репрезентации веќе обезбедија пласман во 1/8 финалната рунда, но меѓусебниот дуел ќе даде одговор на прашањето која репрезентација ќе заврши како прва, а кој како втора во групната фаза и која ќе го добие домаќинот, репрезентацијата на Бразил за противник во првата елиминациска рунда.
„Подобро за нас е да завршиме на првата позиција во нашата група. Подобро е да имаме потежок противник во 1/4 финалната или полуфиналната рунда. Нормално дека ги почитувам сите противници, но подобро е да добиеме полесен противник во првата елиминациска рунда. Холандија мора да заврши како прва во групата “Б”. Бразил игра после нас и се надевам дека домаќинот ќе заврши како прв во групата “А”. Ќе бидам максимално искрен, не го сакам Бразил за противник во 1/8 финалната рунда”, изјави пред натпреварот капитенот на Холандија, Робин ван Перси кој дуелот против Чиле ќе го следи од свечената ложа поради суспензијата од едан натпревар која ја доби поради парниот жолт картон.