Во годишниот извештај на агенцијата се истакнува дека Холадија се соочува со „сложени закани“ од насилни екстремисти, повратници од Сирија, оние на кои им е забрането заминување во странски војни и лицата радикализирани под влијание на пропагандите на џихадистите, кои можат да посакаат да извршат напад во своите домови.
Во Холандија, која учествува во меѓународните воздушни напади на позициите на ИД во Сирија и Ирак, и понатаму е во сила вториот највисок степен за предупредување од можни напади.
Холандската разузнавачка агенција тврди дека до крајот на 2015 година околу 130 лица ја напуштиле Холандија и заминале да војуваат во Сирија и Ирак, јавува Танјуг.