Холандската економија навлезе во рецесија откако во второто годинешно тримесечје паднала за 0,3 отсто во однос на претходното, покажува првата процена којашто во средата ја објави тамошната статистичка агенција.
Така, петтата според обемот економија во еврозоната забележала пад втор квартал со ред, по падот од 0,4 отсто во првите три месеца годинава.
Холандскиот економски раст во претходните 2021 и 2022 година изнесуваа близу 5 отсто, по закрепнувањето од падот предизвикан од пандемијата на ковид-19.
Првата рецесија по пандемијата ја предизвикал падот на личната потрошувачка и на извозот, во врска со високата инфлација којашто ја поскапе храната и ги крена сумите на сметките за енергијата во Холандија и во нејзините трговски партнери. Потрошувачката паднала за 1,6 отсто, а извозот бил за 0,7 отсто помал отколку од првит три месеца годинава.
Инфлацијата во Холандија забавува откако во септември минатата година го дистигна врвот од 14,5 отсто, но и натаму остана на релативно високите 6 отсто во вториот квартал од 2023 година.