Холандската партија NSC истапи од преговорите за коалициската влада

Холандската центристичка партија NSC се повлече од преговорите за формирање мнозинска влада, што ја комплицира задачата на крајно мно десничарскиот политичар Герт Вилдерс да формира коалиција, објави во вторникот холандскиот весник АD.

Партијата NSC освои 20 мандати на изборите на 22-ри ноември, на кои победи националистичката Партија на слободата (PVV) на Вилдерс. NSC се сметаше за важен партнер за формирање коалиција која ќе има мнозинство во 150-члениот холандски парламент.

Вилдерс, кој освои четвртина од гласовите на изборите, преговара од крајот на ноември со NSC, како и со централнодесничарската партија VVD на премиерот во заминување Марк Руте и со протестната партија на фармерите BBB.

Во писмото до неговите сопартијци, цитирано од весникот AD, лидерот на NSC, Питер Омцигт, наведува дека смета оти преговорите се завршени.

„Неверојатно разочарувачки. Земјата ја сака оваа коалиција, воопшто не ми е јасно“, рече Вилдерс во изјавата за медиумите.

Камен на сопнување за NSC беа финансиите, рече Роналд Пластерк, посредник во коалициските преговори.

Овој потег дополнително ги искомплицира и онака тешките преговори за Вилдерс. Доколку не може да се направи коалиција, последна опција се нови избори.