Холандската полиција уапси 64-годишен маж и 35-годишна жена под сомнение дека оддавале државни тајни, соопшти денеска обвинителството.
Според извештаите, мажот работел за Националниот координатор за борба против тероризмот (NCTV), а жената е поранешен вработен во NCTV, кој неодамна се приклучил на полицијата, пишува „NL Times“.
Тие добија 14 – дневен притвор и им е дозволен контакт само со адвокати.