Холандската верзија на новата книга „Endgame“ на Омид Скоби за британското кралско семејство е повлечена од продажба во Холандија, откако наводно случајно открива кој член на кралското семејство ја коментирал бојата на кожата на синот на Хари и Меган, Арчи.
Спорниот пасус беше отстранет од англиската верзија на книгата.
Издавачката куќа „Xander“ објави дека „книгата ‘Eindstrijd’ (на холандски) од Омид Скоби е привремено повлечена од продажба“.
„Имаше грешка во холандскиот превод и во моментов работиме на корекција“, додаде издавачот. Сѐ уште не е познато кога книгата ќе се појави на полиците на книжарниците.
Според британските медиуми, во книгата ненамерно е именуван член на британското кралско семејство кој наводно ја коментирал бојата на кожата на синот на Хари и Меган, Арчи, што предизвика расправии и дополнително го продлабочува јазот меѓу Хари, Меган и остатокот од семејството.
Во 2021 година, Меган, чија мајка е црна а таткото е бел, во американското шоу на Опра Винфри рече дека член на кралското семејство прашал колку ќе биде темна кожата на нивното тогаш неродено прво дете.
Тогаш денешниот крал Чарлс III, тогаш принц, ги отфрли тврдењата дека станува збор за него. Братот на Хари, принцот Вилијам, тогаш им рече на новинарите: „Ние навистина не сме расистичко семејство“. Самиот Хари изјави дека коментарот не го смета за „расистички“, туку за несвесен и ненамерен.
Но, откритието одекна како „бомба“ што го турна кралското семејство уште подлабоко во криза.
Весникот The Sunday Times објави дека е постигнат договор со кој Хари и Меган повеќе нема да го покренуваат ова прашање, ниту во мини-серијата на Netflix, ниту во објавените мемоари на Хари под наслов „Spare“ (Резерва).