Еден од водечките светски производители на опрема за производство на чипови халандската компанија ASML извести во средата за двоцифрен раст на приходите и добивката во вториот годинешен квартал и ја подобри сопствената прогноза за 2023 година, сметајќи на кинеската побарувачка што се смета за проблематично во моментов.
Нето добивката во изминатиот квартал била за 35 отсто повиска во односа на второто ланско тримесечје, достигнувајќи 1,9 милијарди евра.
Приходите се зголемени за 28 отсто, на 6,9 милијарди евра, покажува деловниот изештај на најголемата европска технолошка компанија според нејзината пазарна вредност.
Главниот извршен директор на ASML, Петер Венинк, ја подигна прогнозата за растот на приходите во целата оваа година за 30 отсто. Досега во компанијата очекуваат дека приходите ќе им пораснат за 25 отсто.
Прогнозата е подобрена делумно поради континуираната голема побарувачка од страна на кинеските купувачи, коишто по воведувањето на построгата контрола за извоз што ја воведе Холандија под притисок на САД може да купат само постара опрема.
„Нашите купувачи во различните пазарни сегменти моменално се попретпазливи поради постојаната макроекономска неизвесноста и очекуваат дека закрепнувањето ќе доцни. Меѓутоа, нашите нереализирани нарачки од дури околу 38 милијариди евра се добра основа за надвладување на краткорочната неизвесност“, вели шефот на ASML.
Компанијата ASML доминира на пазарот на литографски машини кои чинат и до 200 милиони долари, а користат ласери, сочива и леќи за производство на микросклопот на чиповите. Си снабдува речиси сите произведувачи на компјутерски чипови и поширокот производство за да фати чекор со потрошувачката.
Произведувачите на најнапредните чипови кои ги користат системите на ASML базирани на екстремната ултравиолетова литографија (EUV) ѝ ги продолжуваат испораките. Компаниите како што се TSMC, „Samsung“ и „Intel“ го шират производството, но нивните нови производни погони сѐ уште не можат да ги користат EUV машините.
Наспроти тоа, произведувачите коишто ги користат системите со длабока ултравиолетова литографија (DUV) за производство на малку „постарите“ чипови сѐ уште купуваат сѐ што може да им биде испорачано.
„Нашите купувачи од Кина велат: ќе ги земеме машините коишто другите не ги сакаа“, вели Венинк.
Иако ASML во Кина никогаш не извезувала EUV машини, втората светска економија и натаму е нивниот клучен пазар.
Венинк во средата повтори дека не очекува дека новите холандски прописи и очекуваните нови мерки од САД ќе влијаат врз прогнозите за резултатите на ASML годинава, ниту на подолг рок.
Кина пред две седмици објаи дека ќе воведе извозни дозволи за група метални производи кои се користат во производството на полупроводници. Мерките за контрола на извозот ќе стапат на сила на 1-ви август и ќе опфатат 14 производи од галиум и германиум, објави тогаш Пекинг, оправдувајќи го потегот со заштита на националната безбедност и интересите.
Потегот на Пекинг следи по серијата мерки на САД за ограничување на извозот на софистицирани чипови во Кина, наведувајќи ја и националната безбедност и можната двојна употреба, која ја вклучува и војската. Паралелно, САД ги здружија силите со Холандија и Јапонија за да го ограничат извозот на машини за производство на софистицирани чипови во Кина. Така, холандската влада неодамна објави нови регулативи кои ќе бараат од производителите на софистицирани машини за чипови да добијат лиценци за извоз, без конкретно да ја спомене Кина.