Холандскиот криминалистички новинар Петер де Фрис им подлегна на раните

Прославениот холандски криминалистички новинар Петер Рудолф де Фрис им подлегна во четвртокот на раните откако беше застрелан монатата седмица во центарот на Амстердам, извести холандскиот телевизиски канал RTL News.

„Петер се бореше до краот, но не успеа да ја добие оваа битка. Почина опкружен од луѓето кои го сакаат“, објави неговото семејство во изјавата која ја објави RTL News, мрежата за којашто работеше де Фрис.

Шеесет ичетиригодишниот де Фрис беше тешко ранет во главата во напад со огнено оружје на 6-ти јули во центарот на Амстердам. Во врска со нападот холандската полиција досега уапси три лица, вклучително и осомничениот извршител сега на убиството.

Напаѓачот пукал во де Фрис во областа на плоштадот Лејдесплен откако го напуштил телевизиското студио каде малку пред тоа учествувал во директно телевизиско јавување. Градоначалничката на Амстердам, Гемке Халсема веднаш изјави дека неговите повреди се многу тешки и дека де Фрис „се бори за животот“.

Де Фрис беше водечки криминалистички истражувачки новинар во Холандија и редовно се појавуваше како гласноговорник на жртвите или сведоците на судењата. Во време на нападот беше доверлив клучен сведок на големо судење за организиран криминал.

Прославен во Холандија, де Фрис често коментираше во телевизиските криминалистички емисии и важеше како стручен известувач за криминалот со сигурни извори и во полицијата и во подзејето. Во врска со неколку случаи на де Фрис му се заканувало криминалното подземје.

Стана славен како истражувачки новинар откако во 1983 година беше грабнат пивскиот магнат Фреи Хајнекен, за кого во 1987 година го објави бестселерот. Во 2008 година ја доби наградата Еми, за известувањето во САД каде го истражуваше исчезнувањето на тинејџерката Натали Халовеј во 2005 година на Аруба и се веруваше дека ја убил Холанѓанец.