Холандскиот новинар де Фрис во критична состојба, уапсени тројца осомничени

Холандската полиција уапсеи три лица, вклучително и проосомничениот за нападот врз водечкиот холандски истражувачки новинар за теми од криминалот Петер Р, де Фрис, кој е тешко ранет откако беше застрелан во вторникот вечерта во Амстердам.

Новинарот, кој според медиумите бил застрелан со пет куршуми, е ранет во главата а градоначалниката на Амстердам, Фемке алсема, изјави дека де Фрис се „бори за животот“.

Полицијата покрена опсежна истрага, и подоцна објави дека привела три лица, вклучително и директно осомничениот за нападот.

Де Фрис е водечкиот криминалистички репортер во Холандија со добри извори и во полицијата и во криминалното милје, и редовно се појавува како застапник на жртвите или сведок на судски процеси. Во моментов е доверлива личност на клучниот сведот на големо судење за организиран криминал.

Според медиумските извештаи напаѓачот пукал во де Фрис откако го напуштил студиото на телевизијата RTL каде учествуал во директно телевизиско јавување, во областа на плоштадот Леидсеплеин.

Премиерот Мар Руте изјави дека нападот врз де Фрис е „напад на слободното новинарство“. Руте и министерот за правосудство Ферд ГРаперхаус одржаа итна средба со челниците на антитерористичките агенции. Холанската кралска двојка, која во време на нападот беше во посета на Берлин, објави дека е шокирана.

„Новинарите мора да можат да ја извршуваат својата работа слободно и без закани“, објавија кралот Вилем-Александер и неговата сопруга Максима на Facebook.

Прославен во Холандија, Де Фрис често коментираше во телевизиските криминалистички емисии и важи како стручен известувач за криминалот со сигурни извори и во полицијата и во подзејето. Во врска со неколку случаи на Де Фрис му се заканувало криминалното подземје.

Стана славен како истражувачки новинар откако во 1983 година беше грабнат пивскиот магнат Фреи Хајнекен, за кого во 1987 година го објави бестселерот. Во 2008 година ја доби наградата Еми, за известувањето во САД каде го истражуваше исчезнувањето на тинејџерката Натали Халовеј во 2005 година на Аруба и се веруваше дека ја убил Холанѓанец.