Холандскиот премиер доби засилено обезбедување поради закани

Холандија значително го зајакнала обзбедувањето на премиерот Марк Руте откао полицијата добила дојави за можен напад од криминални групи поврзани со трговијата со дроги, објавија во понеделникот холандските медиуми повикувајќи се на извор запознает со ситуацијата.

Иако вооруженото насилство е ретко во Холандија, убниствата и насилствата поврзани со терговија со дроги станаа вообичаени изминатите години, бидејќи во подземјето се води битка за територии.

Владин извор кој сакал да остане анонимен во понеделникот ги потврдил написите на дневнито весник De Telegraaf за засилените мерки за безбедност на холандскиот премиер Марк Руте, додека националните безбедносни служби одбиле да го коментираат случајот.

„Безбедноста и заштитата се прашања кои никогаш не би требало да се дискутираат во јавноста“, рекол Руте за новинарите.

Руте, чијашто конзервативна владавети зусбивање на организираниот криминал, секогаш настојуваше да одржи ограничено ниво на лична заштита од преземањето на премиерската функција пред речиси 11 години.

Честопати е гледан како патува со велосипед од и до домот и владините згради во Хаг, а неретко му приоѓаат и случајни минувачи кои сакаат да поразговараат со него или да направат селфи.

Силен сигнал за зголеменото насилство во трговијата со дроги беше кога водечкиот холандски криминалистички репортер и истражувач Петер де Врис беше застрелан сред ден во јули во Амстердам предтелевизиско студио, неколку месеци откако стана претставник на клучниот сведок во голем судски процес против организираниот криминал. Почина од здобиените повреди неколку дена подоцна во болница.

Поранешниот адвокат на клучниот сведок убиен е на сличен начин пред неговиот дом во Амстердам во 2019 година.

Заканите за политичарите во Холандија не се вообичаени. Противисламскиот опозициски челник Геерт Вилдерс од 2004 година е присилен да живее во безбедна куќа и да е постојано опкружен со телохранители поради постојаниет закани со убиство.

Изминатите месеци неколку лица во Холандија се казнети со парична глоби или куси затворски казни поради закани упатени кон министри или пратеници, повеќето незадоволни од воведувањето на рестрикциите во време на пандемијата на коронавирусот.