![minuvaci lugje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/09/minuvaci-lugje.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Холандскиот регулатор во вторникот објави дека и изрекол казна од 30,5 милиони евра на американската компанија „Clearview AI“ за воспоставување база со биометриски податоци добиени со технологија за препознавање лица.
„Технологијата за препознавање лице ја нарушува приватноста и не можете да ја примените на луѓето ширум светот без никакви огради“, нагласи во изјавата претседателот на регулаторот DPA, Алеид Волфсен.
Меѓу другото, „Clearview“ формирале нелегална база на податоци со милијарди фотографии на лица, вклучувајќи ги и оние на холандски граѓани, откри холандскиот регулатор.
„Clearview тврди дека обезбедува услуги само за разузнавачки и истражни служби надвор од Европската унија. Тоа самото посебе е доволно лошо“, нагласува Волфсен, „и навистина треба да застане тука. Мораме многу јасно да кажеме кога ќе сметаме дека употребата на таква технологија е несоодветна“, додава шефот на DPA во изјавата.
Важно е властите да ја (гарантираат) безбедноста и да ги идентификуваат криминалците, а технологијата како што е препознавање на лица може да им помогне во тоа, но тоа секако не треба да го прави комерцијална компанија, а надлежните органи треба да ја користат само во екстремно исклучителни случаи, според Волфсен.
„Полицијата, на пример, треба во таков случај сама да управува со софтверот и базата, под строги услови и под будното око на DPA и другите надзорни тела, вели првиот човек на холандскиот регулатор.
„Не користете Clearview… Clearview го прекршува законот, па користењето на услугите на Clearview е нелегално. Затоа холандските организации кои користат Clearview можат да очекуваат високи казни од холандската DPA“, се вели во соопштението на Волфсен.
Компанијата „сериозно“ прекршила неколку одредби од Европската директива за заштита на податоците (GDPR, бидејќи воопшто не ѝ било дозволено да воспоставува база на податоци и не била доволно транспарентна, се вели во соопштението на холандскиот регулатор.
„Clearview не ги информира доволно луѓето чии податоци се во базата дека ги користи нивните фотографии и биометриски податоци“, смета DPA, нагласувајќи дека луѓето имаат право на пристап до сопствените податоци.
„Ова значи дека Clearview треба да им покаже на луѓето какви информации (…) има за нив, доколку тие го побараат тоа. Но, Clearview не соработува во случај на барања за пристап“, нагласуваат регулаторите.
Напоменуваат дека ѝ наредиле на американската компанија да престане да ги прекршува прописите, заканувајќи се со дополнителна казна од 5,1 милиони евра.
Компанијата немала приговор на одлуката, па нема да може да се жали на казната, посочуваат од DPA. Агенцијата Reuters не била во можност веднаш да дојде до американската компанија за коментар.
Минатата седмица холандскиот регулатор ја казни американската дигитална платформа за транспортни услуги „Uber“ за испраќање лични податоци на европските возачи во САД, спротивно на регулативите на ЕУ. „Uber“ објави дека ја смета казната за неоправдана и најави